Викимедија Македонија/2010/Измени на Статут
Оваа статија моментално е под поголема промена за краток временски период. Како учтивост, Ве молиме не уредувајте ја оваа страница додека е прикажана оваа порака. Корисникот кој ја ставил оваа ознака ќе биде означен во историјата на страницата. Ако страницата не е уредувана веќе неколку часа, Ве молиме отстранете го овој шаблон. Оваа порака е наменета за редуцирање на уредувачки конфликти; Ве молиме отстранете ја меѓу уредувачки сесии за да им овозможите и на другите да ја уредуваат оваа страница. Оваа страница била последен пат уредена од FlavrSavr (придонеси • дневници) пред 7333308 минути . |
Р А Б О Т Н А В Е Р З И Ј А
Врз основа на Член 5, 18 и 31 од од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен Весник на Република Македонија бр. 52/10) Собранието на Здружението на граѓани Викимедија Македонија, на својата седницата одржана на дд.мм.2010 година во Скопје го усвои следниот:
С Т А Т У Т
НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ
Викимедија Македонија - Скопје
I.
Основни одредби
[уреди]Член 1
Здружението на граѓани „Викимедија Македонија“ - Скопје (во понатамошниот текст на овој документ само „Здружение“) има за цел знаењето да биде слободно и достапно на сите луѓе.
Член 2
Здружението е основано како непартиско, невладино и непрофитно здружение на граѓани чија цел е поддршка на создавање, собирање и умножување на слободни содржини на непрофитен начин: поддржување на идејата сите луѓе да имаат еднаков пристап до базите на знаење и до системите на образование.
Под терминот слободна содржина се подразбира било кој производ кој од страна на авторот на тој производ е лиценциран на начин на кој на сите им е дозволено тој производ слободно да го користат, умножуваат и менуваат.
Член 3
Здружението има статус на правно лице, а своите активности ги реализира во склад со позитивните законски прописи на Република Македонија, почитувајќи ги начелата на јавност во работењето и рамноправност на своите членови.
Член 4
За потребите на прибирање и умножување на слободни содржини се користи „Вики“ софтверот, како најзастапен иако не и единствен.
„Вики“ софтверот е компјутерска програма достапена на Интернет кој им овозможува на корисниците преглед и промена на содржините, со што се овозможува создавање на слободни содржини. Најзначаен пример на примена на овој принцип претставува енциклопедијата „Википедија“ која ја има започнато Џими Д. Велс, а со која управува фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Inc. со седиште во Флорида, САД).
Член 5
Здружението е независно.
Здружението тесно ќе соработува со фондацијата Викимедија (во понатамошниот текст само Викимедија) и други организации кои имаа слични цели.
II.
Цели и активности на Здружението и начин на остварување
[уреди]Член 6
Целта на Здружението е да се занимава со следниве активности:
- Пропагирање на идејата за создавање, прибирање и умножување на слободни содржини на Интернет, како и управување и располагање со средствата наменети за таа цел. Фокусот на интерес лежи на неколку меѓународни Викимедија проекти.
- Умножување и поддршка на умножувањето на слободни содржини во дигитална, печатена и други форми со акцент на содржината на меѓународните Викимедија проекти.
- Прибирање, објавување и умножување на информации, како и односи со јавноста кои се поврзани со слободни содржини и проекти на Викимедија преку организирање на настани и публикување информативна литература.
- Разгледување на научни, општествени, културни и правни прашања во врска со слободните содржини, при што ќе се користи со стручни мислења, прикази и доделување на стипендии.
- Негување и промовирање на македонскиот литературен јазик и правопис.
Член 7
Здружението може да прибира средства и да ги проследува кон други здруженија и трговски друштва или јавни установи ако истите се користат исклучиво за цели како што се горенаведените. Здружението може да има удели во такви здруженија и трговски друштва или да биде нивен член.
Член 8
Некои од активностите кои Здружението ги спроведува заради остварување на своите цели се:
- Прибирање и обработка на научна и стручна литература во областа на информатичките технологии, информациското општество, слободните содржини, лексикографијата, енциклопедистиката, новинарството, како и во други области кои се опфатени со работата на меѓународните проекти на Викимедија;
- Организирање на стручни собири, советувања, семинари и други форми на стручно образование во овие области, самостојно или во заедништво со други организации;
- Објавување на книги и други публикации од областите кои се опфатени со работата и целите на Здружението;
- Организирање на научни и стручни работилници за работа на научни, стручни и истражувачки проекти од областите кои се опфатени со работата и целите на Здружението;
- Соработка со универзитетите, стручните здруженија и други организации во земјата и странство кои се занимаваат со областите што се опфатени со работата и целите на Здружението.
III.
Назив и седиште
[уреди]Член 9
Здружението ќе ги обавува своите дејности под името: Викимедија Македонија; како и под латиничното име Wikimedia Macedonia.
Седиштето на Здружението е во Скопје на ул. „Владимир Комаров“ бр. 1А-4/42 Скопје. Седиштето на Здружението може да се промени со одлука на Собранието на Здружението.
Здружението својата дејност ја остварува на територијата на Република Македонија и истата ја усогласува со позитивните законски прописи на Република Македонија.
IV.
Услови и начин на зачленување, престанок на членство, права, обврски и одговорности на членовите
[уреди]Член 10
Членството во Здружението е на доброволна основа.
Член 11
Член на Здружението може да биде секое физичко лице кое ги прифаќа целите на Здружението и Статутот на Здружението, во согласност со Законот.
Член 12
Членовите можат да бидат редовни, соработници и почесни членови. Секое физичко лице кое сака да работи активно на проектите на Здружението може да стане редовен член. Секое физичко и правно лице кое не сака да работи активно, но сака да ги промовира и поддржува активностите на Здружението може да стане член - соработник. Со одлука на Собранието на Здружението може да се изберат и почесни членови.
Член 13
Својство на Член на Здружението се стекнува со потпишување на пристапница која ја заверува Извршниот одбор.
Член 14
Сите членови на Зружението се рамноправни и можат да бираат органи на Здружението, како и да бидат бирани во органите на Здружението, во склад со Законот.
Член 15
Редовните членови имаат обврска активно да учествуваат во работата на Здружението.
Член 16
Сите членови имаат обврска да ја помагаат работата на Здружението и на други начини: во јавноста и по пат на плаќање на членарина чија висина и начин на плаќање ја одредува Собранието на Здружението.
Член 17
Сите членови имаат право:
- Рамноправно со другите членови да учествуваат во остварувањето на целите на Здружението;
- Непосредно да учествуваат во одлучувањето на Собранието преку органите на Здружението;
- Да бидат благовремено и целосно информирани за работата и активностите на Здружението.
Член 18
Сите членови се обврзани да се придржуваат до Статутот и другите акти на Здружението.
Членството во Здружението престанува во следниве случаи:
- На лично барање на членот на Здружението;
- Со одлука на Извршниот одбор;
- Во други случаи предвидени со Законот.
V.
Органи на здржението, нивни права, обврски и одговорности
[уреди]Член 19
Органи на Здружението се:
- Собрание на Здружението;
- Претседател и потпретседатели;
- Извршен одбор;
- Претседател на извршниот одбор;
- Надзорен одбор;
- Регионални одбори;
- Стручни одбори.
VI.
Собрание на здружението
[уреди]Член 20
Собранието на Здружението е највисок орган на Здружението и се состои од сите редовни членови на Здружението.
Собранието заседава според потребите а најмалку еднаш годишно.
Собранието на Здружението го бира Претседателот и потпретседателите со мандат од пет години.
Собранието на Здружението го свикува Претседателот на Здружението или една петина од редовните членови.
Член 21
Работи кои се во надлежност на Собранието на Здружението:
- Донесување на Статут на Здружението;
- Избор и разрешување на Претседателот и потпретседателите;
- Донесување на програмски и други документи на Здружението;
- Избор и разрешување на членовите на Извршниот одбор;
- Разгледување и усвојување на финансиски и други извештаи на остатите органи на Здружението;
- Усвојување на финансиски план и усвојување на програма за работа;
- Донесување на Деловник за работа на Собранието;
- Донесување на Деловник за работа на Извршниот одбор;
- Одлучување за организирање на регионални и стручни одбори, а во случај на итна потреба одлучување за негово гаснење;
- Донесување на одлуки за награди и признанија;
- Основање на постојани и повремени работни групи;
- Извршување на други работи во согласност со Законот.
Член 22
Сите членови на Собранието на Здружението имаат исто право на глас.
Седниците на Собранието на Здружението се јавни, а одлуките се донесуваат со одредена пропорција на присутните членови, утврдено со Деловникот за работа на Собранието, а најмалку со просто мнозинство на гласови од присутните членови и во согласност со Деловникот за работа на Собранието.
Бројот на членови неопходни за полноправно одлучување на Собранието, како и други детали поврзани со работата на Собранието на Здружението се дефинираат во Деловникот за работа на Собранието.
VII.
Претседател и потпретседатели
[уреди]Член 23
Претседателот на Здружението ги има следниве права и должности:
- Го застапува и претставува Здружението пред трети лица;
- Извршува и други репрезентативни функции кои му ги доверува Собранието на Здружението и Извршниот одбор на Здружението;
- Претседателот е истовремено и Претседател на Собранието на Здружението.
- Ги потпишува актите коишто ги донесува Собранието на Здружението, а согласно прозитивните законски прописи и Статутот на Здружението.
Член 24
Потпретседателите го заменуваат Претседателот на Здружението во случај на негова спреченост да ги извршува поверените должности на начин согласно закон и Статутот на Здружението.
Потпретседателите ги извршуваат и другите функции кои им ги доверува Собранието на Здружението, Претседателот на Здружението или Извршниот одбор на Здружението.
Член 25
Членовите на претседателството на Здружението можат да бидат и членови на Извршниот одбор.
VIII.
Извршен одбор
[уреди]Член 26
Извршниот одбор е раководен и оперативен орган на Здружението.
Извршниот одбор се состои од најмалку пет, а најмногу единаесет члена.
Членовите на Извршниот одбор ги бира Собранието на Здружението.
Членовите на Извршниот одбор помеѓу себе бираат Претседател на Извршниот одбор.
Извршниот одбор може да го свика секој член на Извршниот одбор.
Извршниот одбор одлуките ги донесува со одредена пропорција на присутните членови дефинирани во Деловникот за работа на Извршниот одбор, а најмалку со мнозинство на гласови од присутните членови и се во согласност со Деловникот за работа на Извршниот одбор.
Член 27
Мандатот на членовите на Извршниот одбор е четири години.
Член 28
Извршниот одбор ги извршува следните работи:
- Ги извршува одлуките и другите општи акти на Собранието на Здружението;
- Утврдува предлози за Статут, програма за работа, финансиски план и завршна сметка;
- Подготвува предлози на општи акти и одлуки на Собранието на Здружението;
- Донесува извршни одлуки за проекти кои не се опфатени со годишната програма за работа;
- Основа постојани и привремени работни групи;
- Извршува и други работи кои му ги доверува Собранието на Здружението или кои со други прописи му се ставени во негова надлежност.
IX.
Претседател на извршниот одбор
[уреди]Член 29
Претседателот на Извршниот одбор раководи со работата на Извршниот одбор на Здружението. Мандатот на Претседателот на Извршниот директор на Здружението е четири години.
X.
Надзорен одбор
[уреди]Член 30
Надзорниот одбор го контролира финансиското работење на Здружението, како и другите активности на Здружението и води сметка за законитоста на работата при остварувањето на целите на Здружението. За сите воочени неправилности, без одлагање, Надзорниот одбор го известува Извршниот одбор и Собранието на Здружението.
Надзорниот одбор има најмалку три, а најмногу седум члена кои ги бира Собранието на Здружението. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае четири години.
Надзорниот одбор поднесува извештај за својата работа на годишната седница на Собранието.
XI.
Регионални и стручни одбори
[уреди]Член 31
Регионалните одбори се организираат по регионалните центри.
Регионалните одбори имаат најмалку два члена кои ги именува Собранието на Здружението.
Со работата на регионалните одбори раководат претседателите на регионалните одбори кои ги бираат членовите на соодветните регионални одбори.
Мандатот на Претседателот на регионалните одбори е четири години.
Член 32
Стручните одбори се организираат по енциклопедиски области.
Стручниот одбор може да се состои од најмалку два члена, а го заверува и распушта Собранието на Здружението.
Со работата на стручните одбори раководат претседатели на стручните одбори кои ги бираат членовите на соодветните стручни одбори.
Мандатот на Претседателот и членовите на стручните одбори трае четири години.
XII.
Застапување и претставување
[уреди]Член 33
Претседателот на Здружението го претставува и застапува Здружението во правниот промет и има права и должности на финансиски налогодавец.
Еден потпретседател овластен од Собранието на Здружението во отсуство на Претседателот на Здружението го застапува Здружението и ги потпишува сите финансиски документи во име на Здружението.
XIII.
Стекнување, користење и располагање со средства
[уреди]Член 34
Здружението се занимава единствено и исклучиво со непрофитни дејности.
Член 35
Средствата на Здружението можат да се користат исклучиво за цели дефинирани со Статутот на Здружението. Користењето на средствата на Здружението мора да биде одобрено од Извршниот одбор. Никој не може да има добивка преку непотребни трошоци за промоција на Здружението или преку непропорционално големи издатоци.
Член 36
Здружението се финансира со:
- Членарина од членовите на Здружението;
- Доброволни прилози, подароци и оставнини на домашни и странски правни и физички лица;
- Од буџетот и други фондови;
- Од други извори, во согласност со Законот.
Член 37
Имотот на Здружението се состои од:
- Парични средства и хартии од вредност;
- Подвижен и недвижен имот и имотни права.
Член 38
Одлуките во врска со приходите и расходите ги донесува Извршниот одбор на Здружението во согласност со финансискиот план и програмата за работа.
XIV.
Начин на известување на јавноста за работата и стекнувањето и располагањето со средства
[уреди]Член 39
Работата на сите органи на Здружението е јавна.
За ставовите, заклучоците и одлуките членовите се информираат преку медиумите и циркуларни известувања.
Член 40
Секој член на Здружението има право на информации за работата на Здружението, а има должност информациите кои се сметаат за деловна тајна да не ги изнесува во јавноста.
XV.
Здружување во сојуз со други организации и други форми на здружувања и зачленување во меѓународни организации
[уреди]Член 41
Здружението може да се здружува со организации од Република Македонија и други форми на здружување во согласност со позитивните законски прописи.
Одлуката за здружување во согласност со претходниот став на овој Член е полноважна доколку за истата одлучи Собранието на Здружението.
Член 42
Здружението може да се зачленува во меѓународни организации во согласност со позитивните законски прописи доколку одлука за тоа донесе Собранието на Здружението.
Пристапувањето во меѓународни организации се регистрира при надлежниот државен орган во рок од 30 дена, во согласност со Законот.
XVI.
Донесување на измени и дополни на статутот
[уреди]Член 43
Измени и дополнувања на овој Статут се донесувааат по иста постапка како и постапката при неговото првично усвојување.
Член 44
Измени и дополнувања на Статутот можат да предложат органите на Здружението, односно група од најмалку пет члена.
XVII.
Престанок на работата на здружението
[уреди]Член 45
Престанок на работата на Здружението може да настапи во следниве случаи:
- Врз основа на одлука на Собранието на Здружението која се донесува со најмалку две третини од вкупниот број на членови на Собранието на Здружението;
- Доколку бројот на членови на Здружението стане помал од законски пропишаниот минимум за работа на Здружение на граѓани и во други случаи предвидени со Закон.
XVIII.
Располагање со имотот во случај на престанок со работа
[уреди]Член 46
Во случај на престанок со работа на Здружението, одлука за имотот на Здружението донесува Собранието на Здружението.
Член 47
Целиот подвижен и недвижен имот кој ќе го стекне Здружението во текот на својата работа е негова сопственост и може да се користи исклучиво во функција на остварување на програмските задачи и цели на Здружението, во согласност со одлуките на овластените органи, а одлуката за отстапување на истата во случај на престанок со работа на Здружението ја донесува Собранието на Здружението.
XIX.
Јавни ознаки на здружението
[уреди]Член 48
Во правниот промет Здружението користи печат и штембил со називот и седиштето на Здружението.
Печатот е во форма на круг во кој е впишан текстот на полниот назив на Здружението на надворешниот дел од печатот, со седиштето во дното на печатот и симболот на Викимедија во средината. Симболот на Викимедија е стилизирана човечка фигура.
Штембилот е со правоаголна форма во кој е впишан називот на здружението со простор за впишување број на предмет и датум на заведување на списите во деловодната книга.
XX.
Завршни одредби
[уреди]Член 49
Овој Статут стапува на сила со денот на неговото објавување во Службен весник на Република Македонија.
Скопје, 07.12.2009 година
Основачи: