2012.01.26. Викимедија Конференција во Берлин

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Заедничка фотографија на учесниците на конференцијата одржана 2012 година

Од 30 март до 1 април 2012 година во Берлин, Германија ќе се одржи средба на Викимедија локалните ограноци. На средбата ќе учествуваат претставници од сите локални ограноци на Викимедија, претставници од Викимедија Фондацијата, комитетот за ограноци, проектната група надлежна за вики-движењето и други претставници. Секој локален огранок ќе испрати по двајца свои претставници. До овој момент има 41 локален огранок.

Организатор на настанот е Викимедија Германија. Покрај официјалниот дел, на конференцијата ќе има организирано и дополнителна програма за разгледување на Берлин и неговите знаменитости и настани на кои ќе може учесниците да се дружат надвор од официјалната програма.

Оваа година програмски раководител на конференцијата, ќе биде Харел Кејн од Викимедија Израел, а проект раководител ќе биде Никол Ебер вработена во Викимедија Германија.

Викимедија Македонија ќе учествува со двајца свои претставници на конференцијата, Димче Грозданоски, претседател на Викимедија Македонија и Слободан Јаќоски, потпретседател на Викимедија Македонија, задолжен за односи со јавноста.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • meta.wikimedia.org Вики страница на meta.wikimedia.org каде може да се добијат повеќе информации за настанот.
  • Неофицијалне список на учесници на конференцијата.
  • de.amiando.com Страница за регистрација на учесниците на конференцијата.

архива на вести ...