Прејди на содржината

Извршен одбор на Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија
(Пренасочено од Извршниот одбор)

Извршниот одбор на Викимедија Македонија е раководен и оперативен орган.

Основни одредби

[уреди]
  • Извршниот одбор се состои од најмалку пет, а најмногу единаесет члена.
  • Членовите на Извршниот одбор ги бира Собранието.
  • Членовите на Извршниот одбор помеѓу себе бираат Претседател на Извршниот одбор.
  • Извршниот одбор може да го свика секој член на Извршниот одбор.
  • Извршниот одбор одлуките ги донесува со одредена пропорција на присутните членови дефинирани во Деловникот за работа на Извршниот одбор, а најмалку со мнозинство на гласови од присутните членови и се во согласност со Деловникот за работа.
  • Мандатот на членовите на Извршниот одбор е две години.

Надлежности

[уреди]

Извршниот одбор ги извршува следните работи:

1. Ги извршува одлуките и другите општи акти на Собранието;
2. Утврдува предлози за Статут, програма за работа, финансиски план и завршна сметка;
3. Подготвува предлози на општи акти и одлуки на Собранието;
4. Донесува извршни одлуки за проекти кои не се опфатени со годишната програма за работа;
5. Основа постојани и привремени работни групи;
6. Извршува и други работи кои му ги доверува Собранието или кои со други прописи му се ставени во негова надлежност.

Претседател на ИО

[уреди]
  • Претседателот на Извршниот одбор раководи со работата на Извршниот одбор.
  • Мандатот на Претседателот на Извршниот одбор е две години.

Извршен одбор

[уреди]

На Собранието на Здружението „Викимедија Македонија“ одржано на 17 септември 2013 година, за членови на Извршен одбор избрани се:

Стари членови на ИО

[уреди]

На Собранието на Здружението „Викимедија Македонија“ одржано на 05 јуни 2013 година, за членови на Извршниот одбор избрани се:

Согласно чл. 6 од Одлуката за избор на членови на органите на Здружението „Викимедија Македонија“ од 7 декември 2009, за членови на Извршниот одбор избрани се:

Одлуки на Извршниот одбор

[уреди]
Одлука за додавање двајца потписници
Одлука за Вики ги сака спомениците
Одлука за учество на обуки
Одлука за учество во Бели ноќи 2013


_ _ _ _ _



  • 2012.11.08 Извршниот одбор на Викимедија Македонија во состав: Димче Грозданоски, Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски, едногласно донесе Одлука за започнување на формална постапка за барање за користење на просториите во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) согласност со условите кои ги нуди НВО Центарот на Град Скопје. Одлуката е донесена со изјаснување преку е-пошта на поштенската листа wikimedia-mk[at]lists.wikimedia.org на 7 и 8 ноември 2012 година.