Проект „Македонија на Википедија“

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Проектот „Македонија на Википедија“, првично бил проект на Министерството за информатичко општество и администрација за потоа да премине во Министерството за образование и наука. Проектот има за цел:

  • да идентификува содржини поврзани со Македонија во најширока смисла кои би биле дел од содржините во рамките на најразлични проекти на Фондацијата Викимедија, со нагласок на повеќејазичниот проект „Википедија“,
  • да даде поттик и подршка во организирањето на заинтересирани групи и поединци кои до сега не биле дел од вики заедницата, со цел зголемување на бројот на активни членови придонесувачи во уредувањето на содржини на Википедија,
  • да овозможи отворен пристап на вики заедницата до идентификуваните содржини (преку активна соработка на научните и образовните институции, музеите, архивите, државните органи и сл.)

Целни групи: ученичка популација, студентска популација, наставен кадар, јавна администрација.

Некои од индикаторите за успешност на проектот „Македонија на Википедија“ во моментот на започнување на проектот под раководство на министерството за образование и наука:

  • зголемување на стапката на раст на бројот на статии на Википедија на македонски јазик, од стапката 7-8.000 статии.
  • зголемување на бројот на регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик, од 30.000.
  • зголемување на бројот на активни корисници на Википедија на македонски јазик од 8-10 многу активни (кои прават 80% од уредувањата на Википедија во текот на месецот) и околу 300 активни корисници (кои направиле барем 1 уредување во текот на месецот).

Настани[уреди]

Wikipedia At Your School
Wikipedia At Your School
  • 2013.02.15 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Трет ден.[1]
  • 2013.02.08 Презентација на Википедија и останатите проекти пред наставниот кадар од средните училишта на шест локации во Македонија.[2]
  • 2013.01.25 Меморандум за соработка потпишан помеѓу ВММК и НУБСК.[3]

Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“.
Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“.
  • 2012.12.13 Викимедија Македонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.[4]
  • 2012.12.06 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Втор ден.[5]
  • 2012.12.05 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Прв ден.[6]
  • 2012.07.21 Микросам Академија - Прилеп, предавање за Википедија.[7]
  • 2012.07.05 Доделени дипломи на студентите учесници во проектот „Македонија на Википедија“ за 2011/2012 година.[8]
  • 2012.04.26 Меморандум за соработка потпишан помеѓу Викимедија Македонија и Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово. [9]
  • 2012.04.26 Викимедија Македонија на SEEU[10]
  • 2012.03.21 Пред студентите на УЈИЕ[11], факултет за современи науки и технологии, се одржа предавање за Википедија и проектот „Македонија на Википедија“.

  • 2011.12.15 Пред студентите на ФИНКИ[12], се одржа предавање за Википедија и проектот „Македонија на Википедија“.

  • 2009.12.24 Претставена работна група во МИОА која има за цел двојно зголемување на содржините за Македонија на највлијателната он-лајн енциклопедија Википедија.[13] Работната група ја сочинуваат преставници на пет Филолошки факултети во земјава и на други институции чија цел е да придонесат во зголемувањето на фактите за Македонија. На промоцијата, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и деканите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за филолошки науки при Универзитетот ФОН, Факултетот за странски јазици при Универзитетот Американ Колеџ-Скопје и Природно-математичкиот факултет при скопскиот Универзитет потпишаa Меморандум за соработка и разбирање. Реализацијата на проектот стартува веднаш.[14]

Референци[уреди]

  1. 2013.02.15 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје
  2. 2013.02.08 Презентација на Википедија и останатите проекти пред наставниот кадар од средните училишта, на шест локации во Македонија
  3. 2013.01.25 Меморандум за соработка помеѓу ВММК и НУБСК
  4. 2012.12.13 Викимедија Македонија на ФЛФ „Блаже Конески“
  5. 2012.12.06 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје
  6. 2012.12.05 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје
  7. 2012.07.21 Микросам Академија - Прилеп, предавање за Википедија
  8. 2012.07.05 Доделени дипломи на студентите учесници во проектот „Македонија на Википедија“
  9. 2012.04.26 Меморандум за соработка помеѓу ВММК и SEEU
  10. 2012.04.26 Викимедија Македонија на SEEU
  11. 2012.03.21 Предавање пред студентите на SEEU
  12. 2012.12.15 Македонија на Википедија. finki.ukim.mk
  13. 2008.12.24 Македонија на Википедија. alfa.mk
  14. 2010.12.24 Наскоро повеќе статии на македонски јазик на Википедија. mioa.gov.mk